Достапни линкови

САД нема да учествуваат на конференцијата на ОН за расизмот


Соединетите Држави соопштија дека нема да учествуваат на конференцијата на Обединетите Нации посветена на расизмот, што следната недела треба да се оддржи во Женева. Стејт Департментот соопшти дека таквата одлука е донесена поради ,,неприфатливиот “ речник во завршниот документ од состанокот, кој соддржи анти-Израелски и анти-Западни ставови. Пред осум години на конференцијата во Јужна Африка, Соединетите Држави и Израел го напуштија состанокот бидејќи арапските држави побараа дефинирање на ционизмот како расизам.
XS
SM
MD
LG