Достапни линкови

Иранско-американската новинарска измамена да признае вина?


Иранскиот суд ја осуди американско-иранската новинарка Роксана Сабери на осум годишна казна затвор поради шпионажа во корист на Соединетите Држави. Нејзиниот татко обвини дека таа била измамена за да ја признае вината, верувајќи дека ќе биде ослободена доколку соработува. Новинарката Сабери работела како независен новинар во Иран за американски информативни програми. Судењето против неа започна во понеделникот. Првично таа беше обвинета дека работела во Иран без новинарска акредитација, а подоцна судот го смени обвинението и ја обвини за шпионажа во корист на Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG