Достапни линкови

Обама на состанок со лидерите од Латинска Америка


Американскиот претседател Барак Обама им порача на лидерите на земјите од Латинска Америка дека е на повидок нова ера, во регионалната соработка и нов почеток во врските со Куба. На почетокот од самитот со лидерите од Латинска Америка во Тринидад и Тобаго, Обама изјави дека очекува заедничка соработка во борбата против светската економска криза. На самитот лидерите од двете Америки ќе се обидат да постигнат соработка и за развојот на енергетските извори, борбата против климатските промени и заканите од трговијата со оружје и дрога. Вчера американскиот претседател се ракуваше со еден од најострите критичари на американската политика, претседателот на Венецуела Хуго Чавез.
XS
SM
MD
LG