Достапни линкови

Иранско-американската новинарка осудена на осум години затвор


Иранскиот суд и изрекол казна затвор од осум години на американско-иранската новинарска Роксана Сабери, обвинета за шпијонажа во корист на Соединетите Држави. Нејзиниот адвокат Абдолсамад Корамшахи најави жалба до повисоките судски инстанци. Вашингтон бараше ослободување на новинарката оценувајќи дека обвинението е ,,бесмислено“. Роксана Сабери беше уапсена во Јануари, а во понеделникот започна судењето против неа.
XS
SM
MD
LG