Достапни линкови

Во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан загинале 10 лица


Пакистанската полиција соопшти дека при самоубиствен бомбашки напад врз полициски контролен пункт загинале најмалку десет лица. Нападот се случил во близина на градот Хангу, во северозападен Пакистан, каде често делуваат талибанските милитанти. Меѓу неколкумината повредени, бил и шефот на локалната полиција.
XS
SM
MD
LG