Достапни линкови

Ахмадинеџад: Никој не смее да го нападне Иран


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на денешната воена церемонија во Техеран изјави дека ниту една земја не би се усудила да го нападе Иран. Тој оцени дека иранската војска е гарант на стабилноста во регионот. До ова доаѓа во време кога расте нервозата кај меѓународната заедница поради иранската нуклеарна програма, но и поради шпекулациите дека новата израелска влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху би можела да реши да ги бомбардира иранските нуклеарни постројки. Израелскиот претседател Шимон Перес ги демнатира таквите гласини со објаснување дека не постои воена опција за решавање на проблемот со иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG