Достапни линкови

Холбрук бара поголема помош за Пакистан


Специјалниот американски пратеник Ричард Холбрук изјави дека на Пакистан ќе му треба поголема помош од донаторите во светот во борбата против милитантите и во заздравувањето на економијата. Холбрук ова го оцени ден по меѓународната донаторска конференција во Токио на која беше ветено дека Пакистан ќе добие финансиска помош од пет милијарди долари. Холбрук ја повтори и американската загриженост поради одлуката на претседателот Али Зардари да го потпише договорот со кој се наметнува исламското шериатско право во Долината Сват.
XS
SM
MD
LG