Достапни линкови

logo-print

Обама е за еднакво партнерство со сите држави на Америка


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е за нов почеток во врските со Куба и за еднакво партнерство со сите држави на Америка.

Тој на своето обраќање на состанокот на лидерите од Латинска Америка и Карибите што се одржува во Порт оф Спеин на Тринидад и Тобаго рече:

,,Ви ветувам дека бараме еднакво партнерство. Нема старо или младо партнерство во нашите односи. Едноставно постои ангажман врз основа на заемно почитување, на заеднички интереси и вредности. Тука сум за да отвориме ново поглавие кое ќе се одржува за време на мојата администрација.,,

Обама додаде дека неговата администрација е подготвена да се ангажира со Куба во низа прашања, вклучувајќи ги тука човековите права, слободата на говорот и демократските реформи. Претходно, Обама иницираше ракување со претседателот на Венецуела Хуго Чавез, еден од најострите критичари на политиката на Вашингтон во регионот.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG