Достапни линкови

Продолжува турнејата на пратеникот на САД за Блискиот Исток


Американскиот пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел ја продолжува турнејата по регионот со разговори со египетскиот претседател Хосни Мубарак. Вчера Мичел на палестинските лидери на Западниот Брег им пренесол дека мирот со арапите е дел од американските обиди во посредувањето со Израел околу формирање палестинска држава. Со тој план од две илјади и втората година Израел треба да има нормални односи со сите арапски земји, а за возврат израелските сили би се повлекле од сите територии освоени во војната во илјада девестотини шеесет и седмата година.
XS
SM
MD
LG