Достапни линкови

Српскиот претседател Тадиќ престојува на Косово


Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска изјави дека дошол на Косово за Велигденските презници и за да упати порака за мир и до србите и до албанците. Претходно, премиерот на Косово Хашим Тачи во писмо до високиот претставник на Европската унија Питер Фејт наведе дека решил да му дозволи на претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска да дојде на Косово, објавуваат агенциите. Во писмото се додава дека тој таквата одлука ја донесол во консултација со лидерите на косовските институции, а со оглед на фактот што посетата на Тадиќ на манастирот Високи Дечани била од приватна и верска природа.
XS
SM
MD
LG