Достапни линкови

logo-print

Импровизации во уредувањето на градот


Според експертите, моќта на партиите е пренагласена и таа треба да се префрли кај граѓаните. Поради тоа, велат тие, неприфаќањето на некој објект е политички обоено

Стереотипизацијата во политиката се одрзува во сите нивоа на општеството па и во инфраструктурата. Кога на пример ќе се каже дека владата гради одреден објкет или дека поставува скулптури сведоци сме на поедноставена контра реакција дека прави грешка и го оградува просторот или обратно, дека нејзиниот политички ривал наметнува реакции на неприфаќање кои се политички обоени. Професорот Ѓорѓи Тоновски оценува дека во перцепцијата веројатно преовладуваат повеќе елементи од меѓупартискиот натпревар но дека тоа не е карактеристика за вкупниот социјалниот амбиент, додека за професорот Илија Ацевски проблемот е во пренагласената моќ на партии, и прашање за кое треба да се размилсува е како истата да се пресели во граѓанскиот сектор

,,Ова е партиска борба, ако коажете дали сте за или против, тогаш сте за или против опозицијата или позијата."

Дел од јавноста градењето објекти и поставувањето скулптури го толкуваше и како непотребно односно дека е подобро парите да се дадат во функција на развиваање на стопанството. Како секој да влече на своја страна па се поставува прашањето како воопшто нешто да се изгради и да е вредно вели Профсорот Тоносвки

,,Ние можеме да се прашаме дали се погодени од естетски аспект тие скулптури. Државата не е таа што отвора фабрики, државата треба да се ангажира да создаде можност луѓето да се оспособат да си ја обезбедуваат својата основна егзистенција. Градот треба да се разуавува со нови елементи и содржини."

Но граддбите се симболи во гардот по кој местото добива некаков индентитет, вели Ацевски според кого во однос на ваквите обележја потребен е да се води поширок дијалог, во кој треба да се обезбеди поголемо учество и на граганите и стручната јавност.

,,Во однос на ваквите симболи, за нив се бара општ консензус. Така се губат партикуарните значења, а се зајакнува универзалното. Главниот збор го имаат граѓаните."

Полтичка стериотипизација во Македонија постои од 90 те години наваму вели Професорот Звонимир Јанкуловски. Според него тоа е објснуавњето и за политизацијата во мислењето дури и кога станува збор за инфраструктурни објекти.Тој потсетува дека и во изминтиот период од осмостојуавњето досега имало градење објетки од типот на кинсекиот ид крај кејот на Вардар, или примери како во 98 та на дивоградби што кога беа уривани беа претставувани како жртви на новата власт

,,Игрите се прочитани и се повторуваат. Мислам дека во наредниот период ќе следи порелаксиран период, граѓаните мислам дека покажаа на последните избори дека не купуваат однапред подготвени сценација."

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG