Компензацијата е нужно зло кое фирмите го користат само ако немаат друг начин за наплата на долговите, велат стопанствениците.
Сопственикот на Здравје Радово Јован Дабевски вели дека тие максимално избегнуваат да наплатуваат во стока наместо во пари. Поради недостигот на свежи пари, одредени фирми се повеќе работат со компензација, вели Дабевски.
,,Ние во компанијата компензацијата ја сметаме како нужно зло. Кога нема друг начин за наплата на побарувањата тогаш активираме како можност компензација, инаку во редовното работење ја одбегнуваме максимално и не је користиме повеќе од еден посто. Но се забележува дека се повеќе компании работат на компензација, затоа што кога нешто не можете да наплатите, одговара да земете и стока."
Дабевски вели дека, за разлика од пред неколку години, сега полесно се наплатуваат долговите по судски пат. Сепак, вели Дабевски, на суд се оди само во краен случај.
,,Се продолжува валутата, ако имала 15 дена, сега се продолжува на 30 или 40 дена и тоа е поквалитетен начин отколку да земете стока и да направите компензација."
Директорот на Раде Кончар ТЕП Горан Антевски вели дека на компензација отпаѓа од еден до пет насто од обртот на компанијата. Антевски вели дека прифаќаат стока наместо пари само од фирмите со кои имаат добра соработка. Антевски вели дека во Македонија е многу тешко да се работи без прифаќање компензација и пластично го опишува ваквиот начин на работа.
,,Свињата вели на кокошката, дај ми едно јајце на компензација. Кокошката вели, добро, ти ќе ми дадеш 100 грама сланина. Свињата прашува како да ти дадам 100 грама сланина, мене треба да ме заколат. Кокошката вели, на компензација некој мора да се заколе."
Професор Петрит Положани посочува дека работењето со компензација е слика на развојот на економијата во едно општество. Тој вели дека фирмите користат наплата во стока затоа што немаат свежи пари. Сепак, поради веќе прифатениот систем да се плаќа во стока, дел од фирмите нудат компензација, иако имаат пари да платат, вели Положани.
,,Има систематска навика, која мора да се смени. Тоа има реперкусии во економијата, има фирми кои го користат случајот, затоа што наместо да платат кеш, добиваат некоја маржа, па го користат тоа."
Поради економската криза фирмите имаат помалку пари на располагање и нудат да платат со сопствените производи. Стопанствениците велат дека им е поисплатливо да го продолжат рокот за наплата на долговите отколку да прифатат компензација.
Сопственикот на Здравје Радово Јован Дабевски вели дека тие максимално избегнуваат да наплатуваат во стока наместо во пари. Поради
Ние во компанијата компензацијата ја сметаме како нужно зло. Кога нема друг начин за наплата на побарувањата тогаш активираме како можност компензација
,,Ние во компанијата компензацијата ја сметаме како нужно зло. Кога нема друг начин за наплата на побарувањата тогаш активираме како можност компензација, инаку во редовното работење ја одбегнуваме максимално и не је користиме повеќе од еден посто. Но се забележува дека се повеќе компании работат на компензација, затоа што кога нешто не можете да наплатите, одговара да земете и стока."
Дабевски вели дека, за разлика од пред неколку години, сега полесно се наплатуваат долговите по судски пат. Сепак, вели Дабевски, на суд се оди само во краен случај.
,,Се продолжува валутата, ако имала 15 дена, сега се продолжува на 30 или 40 дена и тоа е поквалитетен начин отколку да земете стока и да направите компензација."
Свињата вели на кокошката, дај ми едно јајце на компензација. Кокошката вели, добро, ти ќе ми дадеш 100 грама сланина. Свињата прашува како да ти дадам 100 грама сланина, мене треба да ме заколат. Кокошката вели, на компензација некој мора да се заколе.