Достапни линкови

Советникот во НАТО Лоренс Батлер во посета на Македонија


Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска оствари средба со Лоренс Батлер, политички советник на врховниот командант на силите на НАТО во Европа. Како што е соопштено од Кабинетот на Црвенковски, на средбата била изразена надеж дека по завршувањето на изборите во Грција, ќе се интензивираат разговорите за проблемот со името и оти ќе биде изнајден компромис, со што ќе се надмине пречката за прием на Македонија во НАТО. Батлер денеска оствари средба и со новоизбраниот претседател Ѓорѓе Иванов со кого исто така разговарале за НАТО интеграциите.
XS
SM
MD
LG