Достапни линкови

Обама ја започнува турнејата низ Латинска Америка


Американскиот претседател Барак Обама ги повика кубанските власти да испратат сигнал дека ќе има „промени во тоа како дејствува Куба“ за подобрување на односите меѓу двете земји. Обама ова го изјави пред неговата прва турнеја во Латинска Америка, што почнува денеска. Претходно неделава, американскиот претседател ја укина забраната за патување и за трансфер на пари, оценувајќи дека станува збор за ,,значаен чекор“ за затоплување на односите меѓу Куба и Соединетите држави, по 50 години непријателство.
XS
SM
MD
LG