Достапни линкови

Донаторска конференција за помош на Пакистан


Јапонија вети една милијарда долари помош за Пакистан. Јапонскиот премиер Таро Асо ова го соопшти по денешната средба во Токио со претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари, во пресрет на меѓународната донаторска конференција. Околу 30 земји донатори, се очекува да обезбедат помош од шест милијарди долари за стабилизирање на ситуацијата во Пакистан, во рамки на утрешната донаторска конференција.
XS
SM
MD
LG