Достапни линкови

Авганистанскиот претседател Карзаи побарал објаснување за цивилните жртви


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи побарал од командантот на коалиционите сили Дејвид Мек Кернан да ги објасни последните инциденти кога при операција на меѓународните трупи во провинциите Кост и Кунар загинаа десет цивили. НАТО и американските сили во соработка со авганистанските трупи спроведоа истрага за инцидентот и преземаат одговорност во врска со несреќата, наведува генералот Дејвид Мек Кернан во соопштението испратено од кабинетот на Карзаи. Тој исто така на средбата изразил жалење за несреќата.
XS
SM
MD
LG