Достапни линкови

Шефот на турската дипломатија во посета на Ерменија


Турскиот министер за надворешни работи Али Бабачан се очекува денеска да ја посети Ерменија, додека двете земји се обидуваат да ги решат историските недоразбирања, што долги години се одразуваат врз билатералните односи. Бабачан ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Организацијата за црноморска економска соработка. Турција и Ерменија немаат дипломатски односи поради спорот околу масовното убиство на ерменци за време на Отоманската Империја, односно неговото признавање како геноцид, на што се противи Анкара.
XS
SM
MD
LG