Достапни линкови

Владата и експертите против кризата


Прес конференција на Владата

Прес конференција на Владата

Владата соработува со експертите на изработка на мерките за справување со економската криза. За сега, не е познато што содржат новите мерки

Владата соработува со експертите и другите релевантни институции во креирањето на новите мерки за справување со ефектите од светската економска и финансиска криза. Надлежните тргнаа од тврдењето дека светската криза ќе ја заобиколи Македонија. Малку подоцна признаа дека ефектите од светската криза ќе се рефлектираат во реалниот сектор на економијата, по што предложија пакет десет мерки. Првиот пакет мерки беше субјект на гласна критика. Стопанските комори, експертите и стопанствениците тврдеа дека десетте мерки воопштио не даваат конкретни решениа за справување со кризата. Пред последните претседателски и локални избори Владата најави лансирање на нови мерки, не соопштувајки кога точно истите ќе се промовираат пред јавноста. Стручната јавност тврдеше дека не е запознаена со новите мерки, но по изборите, дел од експертите велат дека Владата ги консултира за новите активности кои ќе се превземаат за справување со кризата. Прфофесорот Етем Исеини вели дека консултации со економските експерти се од суштинско значење.

„Како професор по економски науки, најмногу нас не засега оваа криза и нормално се анализираат причините, зашто ова е светска криза, не е само во Македонија.“

Исеини додава дека посебно важни се мислењата на експертите за користење на ресурсите

„Нормално, секоја земја мора да се справи во зависност од ресурсите на располагање и како може со тие ресурси да управува во даден момент.“

Од Министерството за финансии велат дека не е формират посебен тим кој работи на справување со кризата. И покрај тоа што во другите европски земји има посебни тимови на консултанти, стопанственици и експерти кои се бават со оваа проблематика, во Македонија состојбата на дневна база ја следи секторот за макроекономија при Министерството за финансии.
Непосредно по изборите стопанските комори во земјава излегоа со предлог мерки за справување со кризата. Претседателот на стопанската комора на Македонија Бранко Азески вели дека Владата редовно се консултира со комората во врска со светската криза.

„Да, интензивирани се тие морам да кажам, имавме средба и пред и после изборите и кажавме тоа што го имаме концепирано и очекуваме тоа да биде земено предвид.“

Азески вели дека не очекува да се прифатат сите предлог мерки на стопанската комора.

„Меѓутоа, оценките и состојбите се битен фактор, а и дел од конректните мерки имаат сигурно своја тежина.“

Според неофицијални информации, на петнаесетти мај би требало да се одржи симпозиум за ефектите од светската криза со експерти и други претставници од релевантните институции.
XS
SM
MD
LG