Достапни линкови

logo-print

Дипломатски гаф или нормална стратегија?


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски

Експертите со поделени мислења за препораката на МНР македонските граѓани да се воздржуваат од патувања во Грција.

Дипломатски гаф кој ќе ги наруши и онака лошите односи со Грција или нормална дипломатска стратегија? Експертите имаат поделени мислења за тоа, како ќе влијае препораката од Миниистерството за надворешни работи-македонските граѓани да се воздржуваат од
Ова е долевање масло на огнот, односно една голема контрадикција во однос на сето она што го презема Министерот за надворешни работи, бидејќи сведоци сме дека тој на неколку наврати упатува писма до својата колешка за подобра соработка, но сметам дека со овој чин само се влошуваат односите
патување во Грција.

Професор Јове Кекеновски вели дека Грција ќе го искористи тоа како адут во натамошните преговори за зачленување на Македонија во НАТО.

„Ова е долевање масло на огнот, односно една голема контрадикција во однос на сето она што го презема Министерот за надворешни работи, бидејќи сведоци сме дека тој на неколку наврати упатува писма до својата колешка за подобра соработка, но сметам дека со овој чин само се влошуваат односите и сметам дека Грците и понатаму ќе го користат како адут во понатамошните преговори за наше членство во НАТО и ЕУ.“

Министерот за надворешни работи на Грција Дора Бакојани
Политикологот Емил Атанасовски вели дека препораката нема битно да влијае на преговорите за името. Дури за неколку месеци, преговорите можеби ќе се интензивираат, вели Атанасовски.

„Нема битно да влијае на промена на односите ниту кон подобро, ниту кон полошо. Останува Македонија во една постојана дипломатска борба со Грција и тука се применуваат разни тактики. Имаме изјави од калибарот дека и Грција го поддржува нашето членство во НАТО, и дека ние сме спремни за соработка, но и двете земји реално дејствуваат без поместување на позициите.“

Ваквите реакции не се невообичаени во дипломатијата, вели Атанасовски.

„Тоа е дел од нормална дипломатска стратегија од двете страни, повеќе е за внатрешни причини и нашата и нивната реакција.“
Тоа е дел од нормална дипломатска стратегија од двете страни, повеќе е за внатрешни причини и нашата и нивната реакција


Од друга страна Кекеновски вели дека препораката на МНР е дипломатски погрешен чекор.

„Ова е дипломатски гаф, не е дипломатска војна. Дипломатската војна се води на подруги, поперфидни и скриени начини. Ова укажува дека се работи за тотално непознавање на дипломатијата и Министерот по којзнае кој пат прави уште еден гаф.“

Поради немирите, насилните протести и вооружени инциденти во последниве неколку месеци, како и поради проблеми поврзани со оштетување на возила на македонски граѓани МНР, вчера,
упати препорака до граѓаните да се воздржат од патување и подолг престој во поголемите градови во Грција. Грчкото МНР реагираше дека Македонија ги дезинформира граѓаните за состојбата во Грција со што ги влошува односите меѓу двете земји.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG