Достапни линкови

logo-print

Во Индија почнаа едномесечните парламентарни избори


Во Индија е во тек гласање во првата рунда од петнаесетите општи избори во таа земја. Повеќе од сто и четириесет милиони луѓе со право на глас избираат во петнаесет држави и во две федерално управувани територии. Резултатите би требало да бидат објавени на шеснаесетти идниот месец откако ќе бидат спроведени предвидените пет рунди гласање. Властите распоредија дополнителни сили за безбедност за да спречат евентуални насилства на избирачките места. Главната битка се води меѓу владејачката коалиција предводена од Конгресна партија и опозиционата индуско националистичка Џаната партија.
XS
SM
MD
LG