Достапни линкови

Меѓународните нуклеарни контролори ја напуштаат Северна Кореа



Контролорите на Обединетите нации и на Соединетите држави ја напуштија Северна Кореа откако таа земја ги протера и најави дека ќе го обнови производството на плутониум за нуклеарно оружје. Агенциите јавуваат дека контролорите го напуштиле нуклеарниот комплекс Јонгбјонг откако претходно ги отстраниле печатите и камерите на нуклеарните постројки. Северна Кореа побара нивно заминување како реакција на осудата на Советот за безбедност за лансирањето ракета со долг дострел. Стејт департментот оцени дека протерувањето на контролорите е чекор назад кој уште повеќе ќе ја изолира Северна Кореа.
XS
SM
MD
LG