Достапни линкови

18 загинати во самоубиствен напад во Пакистан


Властите во Пакистан соопштија дека бројот на жртвите од вчерашниот самоубиствен напад во близина на Пешавар достигнал осумнаесет луѓе, меѓу кои девет полицајци. Експлозијата, како што јавуваат агенциите, оставила кратер од три метри и предизвикала прекин на електричната енергија во целиот регион. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но се верува дека зад него стојат талибанските милитанти.
XS
SM
MD
LG