Достапни линкови

Воена вежба на НАТО во Грузија


НАТО најави дека наредниот месец ќе спроведе воена вежба во Грузија. Во соопштението се вели дека вежбата ќе биде спроведена од 6-ти мај до 1-ви јуни со цел унапредување на координираноста меѓу членките на Алијансата и нејзините партнерски држави. Најавата доаѓа во време кога НАТО се обидува да ги обнови врските со Москва, кои беа нарушени по минатогодишниот конфликт меѓу Русија и Грузија.
XS
SM
MD
LG