Достапни линкови

logo-print

Иванов – Разумен компромис за името што ќе го потврдат и граѓаните


Предлогот Република Северна Македонија е посакуван од грчката страна, присутен е изминативе 15 години, а е дел и од предлогот на медијаторот Метју Нимиц, изјави денеска новоизбораниот македонски претседател Ѓорѓе Иванов. Ние секогаш сме подготвени да дојдеме до компромис, но тој да не биде на штета на нашите државни интереси. Тој компромис каков и да биде на крајот мора да биде потврден од страна на граѓаните, изјави Иванов. Тој додаде и дека предлогот од страна на медијаторот Нимиц е мошне комплексен, бидејќи опфаќа и прашања за идентитетот, менување на уставот, пасошите. Премиерот Никола Груевски пак денеска посочи дека од 90-тите години грчката страна го предлага тоа име, и додаде дека преговорите за името се сложен процес кој задира и во прашања од националниот идентитет. Неодамна во Вашингтон, грчкиот амбасадор во Соединетите Држави Александар Маљас рече дека предлогот Република Северна Македонија е прифатлив за грчката страна.
XS
SM
MD
LG