Достапни линкови

Ахмадинеџад – Иранскиот пакет за решавање на нуклеарниот спор ќе обезбеди мир


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека Техеран подготвил пакет мерки за решавање на спорот околу нуклеарната програма на земјата, што наскоро во рамки на разговорите ќе биде понуден на петте земји членки на Советот за безбедност, плус Германија. „Подготвивме пакет кој ќе обезбеди мир и праведност во целиот свет, почитувајќи ги правата на сите нации“ рече Ахмадинеџад. Тој соопшти дека пакетот, всушност претставува нова верзија на предлозите што минатата година му беа понудени на Иран, но не откри повеќе детали.
XS
SM
MD
LG