Достапни линкови

САД со учество во Советот за човекови права на ОН


Обединети Нации
Обединети Нации
Кога очигледно дискредитираната Комисија за заштита на човековите права на ОН беше укината во 2005-та година, постоеше надеж дека новоформираниот Совет за заштита на човековите права, во март наредната година ќе донесе нов почеток. Претходно постоечката Комисија често беше критикувана за политизација и недостаток од успешно балансирање и одбивање да се насочи кон добро-познатите прекршувачи на човековите права. Но, според критиките и новиот Совет за човекови права се соочува со слични проблеми. Некои очигледни кршења на правата од одредени земји,членките кои имаат место во Советот очигледно одбиваат да ги осудат. Минатата година на пример, Советот гласаше против именувањето на специјален известувач за истражување на почитувањето на човековите права во Туркменистан, и покрај сомнителните извештаи. Мислењата за учеството на Соединетите Држави во Советот, одлука која што ја соопшти администрацијата на претседателот Барак Обама, се поделени. Додека некои сметаат дека малку што ќе се промени без разлика на американското членство или не, поодржувачите пак се на мислење дека Вашингтон има шанса да оддигра позитивна улога. Сузан Ноусел, од Хјуман Рајтс Воч, го поддржува придржувањето на Соединетите држави со Советот:

„На советот му е потребно лидерство за да се справи со оние што не ги почитуваат човековите права. Советот има потреба од земји членки кои што ќе работат позади сцената, да работат на терен и некои што ќе се спротивстави на отпорот кој што доаѓа од Женева, за спротивставување на некои прашања политички чувствителни... Мислам дека Вашинготн ќе го постигне тоа.„

смета Ноусел. Членството во Советот трае три години. Ноусел верува дека Вашинготн ќе го искористи тоа време за да го подобри имиџот и ефективноста на Советот. Стивен Патрик пак од Њујоршкиот Совет за надворешни односи вели:

„Американската делегација ќе се соочи со борба која што понекогаш ќе биде подолга, отколку што би сакале, за да се обиде да придонесе извештаите да бидат разбрани мнгу посеризни, бидејќи всушност тоа е најмоќниот инструмент на Советот. Исто така, целта е дека доколку Вашингтон заземе место во Советот, некои сега ,,утврдени“ членки или оние што биле претпазливи кон прекршувачите на човековите права, сега ќе имаат многу помалку сила, откако тие ќе седнат таму.“

смета Патрик.
XS
SM
MD
LG