Достапни линкови

ХАСАП системот ја засилува контролата на храната и продажбата


Пазар

Пазар

Воведување на ХАСАП системот во државата за производителите на млечните производи и за пласманот на пазарите во Куманово, ќе ги зголеми нивните проблеми. Тие времено производите ги продаваа на отворени и несоодветни тезги, на зелениот пазар, но веќе од следниот месец тоа ќе им биде забрането. И досега имале проблеми, откако зелениот пазар ги затвори тезгите на кои порано се продаваа млечните производи:

„Па на улица продаваме сега за сега, градоначалникот на пушти на негова одговорност, па до кога ќе видиме.“

„Треба да има одредено место за продажба на сирење. Како во Скопје да е заградено со стакло.“

се жалат млекопроизводителите. Додаваат дека имало ветувања дека ќе се создадат соодветни услови, меѓутоа директорот на Ј. П. Пазариште Трајче Трајковски и вели дека ХАСАП системот подразбира посебни услови, како уреди за ладење, чување и складирање на производството:

„Пред некој месец имавме советување при што ни беа посочени одредени мерки кои што ќе следат од мај, па натаму, во смисла на поригорозна контрола во однос на одредени производи кои се продаваат на Зелените пазари. Во однос на сирењето можам да кажам дека на Зелените пазари повеќе нема да има продажба на овој производ, бидејќи ниту еден пазар во државата не е подготевен за тоа и не ги исполнуваат условите на ХАСАП системот.“

Вели Трајковски. И производителите во Македонија и пазарите, тешко ќе можат да ги исполнат овие услови.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG