Достапни линкови

Иран нуди пакет мерки за решавање на спорот за нуклеарната програма


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека Техеран подготвил пакет мерки за решавање на спорот околу нуклеарната програма на земјата. Тој додаде дека пакетот мерки наскоро ќе им бидат предложени на петте земји членки на Советот за безбедност, плус Германија, во рамки на преговорите за решавање на проблемот со иранската нуклеарна програма. Ахмадинеџад соопшти дека пакетот, всушност претставува нова верзија на предлозите што минатата година му беа понудени на Иран, но не откри повеќе детали.
XS
SM
MD
LG