Достапни линкови

Опозицијата во Молдавија одбива пребројување на гласовите


Опозиционите партии во Молдавија одбија да им помогнат на официјалните претставници кои денеска започнаа со пребројувањето на гласовите од неодамнешните парламентарни избори. Изборната Комисија соопшти дека очекува резултатите да ги соопшти во петок. Победата на владеачката Комунистичка партија на претседателот Владимир Вороњин на изборите на 5-ти април, предизвика масовни протести и немири во земјата. Опозицијата обвинува за изборни нерегуларности и бара повторување на изборите.
XS
SM
MD
LG