Достапни линкови

Протести во Авганистан против контроверзниот закон


Неколку стотици жени започнаа протести пред Универзитетот во авганистанскиот главен град Кабул, против новиот закон со кој се нарушуваат правата на шиитските жени. Но, во градот се оддржуваат и паралелни протести на поддржувачите на овој закон, а агенциите јавуваат дека дошло до судири меѓу двете групи демонстранти. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи нареди повторно разгледување на законот, по бројните критики од Западот и групите за човекови права дека со него практично се легализира семејното насилство.
XS
SM
MD
LG