Достапни линкови

Нема дополнителни услови за НАТО


Од Самитот на НАТО во Стразбур
Од Самитот на НАТО во Стразбур

Според експертите, нема најави дека влегувањето на Македонија во нова балканска група земји е услов за влез во НАТО. Тие се согласни, критериумите се исполети, а единствен проблем е името

Нема најави дека Македонија ќе влезе во некоја нова балканска група земји за членство во НАТО. Професор Трајан Гоцевски посочува дека во ниту еден заклучок на НАТО од Македонија не се бараат дополнителни услови за прием, освен решавањето на спорот за името со Грција:

„Согласно заклучоците на двата најголеми самити што се одржаа во Букурешт и Германија, недвосмислено стои оценката дека Македонија
Согласно заклучоците на двата најголеми самити што се одржаа во Букурешт и Германија, недвосмислено стои оценката дека Македонија ги исполни сите критериуми. Второ, дека на овие два самита, едноставно се кажа дека од Македонија нема да се бараат нови критериуми и дека поканата и понатаму е отворена
ги исполни сите критериуми. Второ, дека на овие два самита, едноставно се кажа дека од Македонија нема да се бараат нови критериуми и дека поканата и понатаму е отворена.“

Тој посочува дека од аспект на исполнување на критериумите, Македонија е понапред од сите земји во регионот. Прифаќањето на нови балкански сојузи би значело чекор назад за Македонија, вели Гоцевски:

„Македонија може да си го заземе местото во НАТО без никакви дополнителни критериуми или дополнителни групи земји, бидејќи знаете дека проширувањата одеа по региони.“

Потпретседателот на евро атлантскиот совет на Македонија Исмет Рамадани вели дека Македонија не може да се споредува со земјите од регионот. На денот кога ќе го решиме спорот со Грција, вели Рамадани, ќе ја добиеме поканата за членство во НАТО:

„Тоа зависи од нашата политика, од политиката на владата, идниот претседател. Ние не треба да праќаме никакви сигнали сега дека би се сложиле да бидеме на проширената Јадранска карта, или проширување на НАТО кон исток, со Украина и Грузија. Ние си имаме дефиниран статус и треба да се држиме на тоа.“

Пензионираниот полковник Благоја Марковски се согласува дека Македонија може да им помага на земјите од регионот во исполнување на критериумите. Македонија не треба да создава сојузинштва со нив:

„Јас сум за тоа Македонија да ги преиспита односите со НАТО доколку се бараат дополнителни услови, или дополнителни нови сојузи, без оглед на тоа што се работи за земји во нашето непосредно опкружување.“

Министерот за одбрана Зоран Коњановски деновиве со својот црногорски колега договори соработка во одбранбената сфера. Коњановски најави дека Црна Гора ќе и се приклучи на Македонија во мировната мисија во Авганистан со испраќање тим во рамките на медицинската група на земјите од Јадранската повелба.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG