Достапни линкови

Дилеми околу селекторската фотеља


Градскиот стадион во Скопје
Градскиот стадион во Скопје

По спогодбеното раскинување на договорот меѓу ФФМ и селекторот Сречко Катанец дилема е дали да се ангажира странски стручњак или работата да му се довери на домашен тренер. Многу имиња се во игра, Чеде Јаневски фаворит

Спогодбено раскинатиот договор меѓу Фудбалската федерација на Македонија и селекторот Сречко Катанец, го официјализира крајот на неговото три годишно водење на нашиот национален тим. Тој заминува неславно, а она што го остава, покрај скоро истиот рејтинг е и нарушената атмосфера во репрезентацијата. Тоа говори дека наследникот ќе има тешка задача да ја врати состојбата во нормала, што од друга страна не ја намалува заинтересираноста за посакуваната и добро платена фотелја. Затоа и во јавноста се спомнуваат многу
Мора да биде Македонец, кој ги познава играчите, менталитетот на македонскиот фудбалер, ги познава приликите во македонскиот фудбал, ги познава сите играчи во странските клубови и ќе сака да работи за Македонија нешто повеќе да направи
кандидати, но она што сега е позначајно е дали кормилото да му се довери на домашен или пак на тренер од странство. За ова прашање кај нас и досега имало дилеми, но за чудо сега, барем фудбалските работници се безмалку едногласни - треба да се потпреме на наши сили.

„Мора да биде Македонец, кој ги познава играчите, менталитетот на македонскиот фудбалер, ги познава приликите во македонскиот фудбал, ги познава сите играчи во странските клубови и ќе сака да работи за Македонија нешто повеќе да направи,“

вели поранешниот фудбалски ас, Драги Сетинов. Со неговото мислење се согласува и екс репрезентативецот, а сега директор во Вардар, Саше Милошевски, според кого дојдено е време селекторската функција да му се довери на:

„Чеде Јаневски, беше во Бриж, Црвена Ѕвезда, значи има нешто позади него, без потценување за другите тренери, но сепак сите овие години поминале сите тренери што значи дека на Чеде Јаневски треба да му се даде шанса да се види, мислам дека е авторитет и како човек и како тренер, мислам дека заслужува да биде селектор,“

изјави Милошевски.

Јаневски и важи за најголем фаворит, иако се шпекулира и со Ѓуровски, Јонуз, Илиевски, Тумбаковиќ, Иванковиќ. Но, од ФФМ, барем за во јавност, убедуваат дека нема преговори додека не решат дали да се ангажира тренер на подолг рок или пак актуелниот циклус квалификации за Светското првенство да го заврши в.д. селектор. Втора непотребна дилема, според нашите соговорници, кои сметаат дека уште од сега треба да се знае кормиларот за наредните четири – пет години.

„Низ овие квалификации нас ни треба селектор ако може да се освои второ место, а воедно да се прави и репрезентацијата, тој селектор треба да биде авторитет и да ги натера играчите да гинат за репрезентацијата на секој натпревар.“

додаде Милошевски, а за Сетинов повеќегодишниот договор е предуслов за успех на подолги патеки. Односно и за пласман на Мундијалот по пет години, за што имаме потенцијал, кој остана неискористен поради неподготвеноста на сега поранешниот селектор да им укаже шанса на повеќе фудбалери.
XS
SM
MD
LG