Достапни линкови

Грчкиот претседател Папуљас ја честита победата на Иванов


Претседателот на Грција Каролос Папуљас му ја честиташе победата на новоизбраниот македонски претседател Ѓорге Иванов, информира прес службата на ВМРО ДПМНЕ. Во писмото од Папуљас тој изразува надеж дека наскоро ќе се постигне заедничко прифатливо решение во врска со прашањето за името меѓу Македонија и Грција.Се надевам дека наскоро ќе бидеме во можност да постигнеме заеднички прифатливо решение за разликите околу името, преку преговарачкиот процес во Обединетите Нации и се надевам на дополнително продлабочување на билатералните односи, наведува Папуљас.
XS
SM
MD
LG