Достапни линкови

Продолжуваат протестите во Грузија


Неколку илјади анти-владини демонстранти и денеска, шестти ден по ред оддржуваат протести во главниот град на Грузија, Тбилиси, барајќи оставка од претседателот Михаел Саакашвили. Дел од демонстрантите вчера ја поминаа ноќта во шатори, протестирајќи пред кабинетот на претседателот. Опозицијата бара оставка од Саакашвили, обвинувајќи го за недемократско владењее, неисполнување на реформите, како и за неуспехот по минатогодишната војна со Русија.
XS
SM
MD
LG