Достапни линкови

Американските трупи би можеле да останат во Северен Ирак


Командантот на американските сили во северен Ирак, Гери Волејски изјави дека трупите би можеле да останат во северните ирачки делови каде и натаму се присутни заканите од Ал Каеда, и по утврдениот рок за повлекување 30-ти јуни. Тој додаде дека трупите освен во Мосул, може да бидат присутни и во другите соседни градови, доколку тоа го побара ирачката влада. 30-ти јуни е рокот за повлекување од ирачките градови, согласно безбедносниот договор постигнат минатата година меѓу Вашингтон и Багдад.
XS
SM
MD
LG