Достапни линкови

Јолевски – Македонија е посветена на изнаоѓање решение за името


Македонија е посветена на изнаоѓање заеднички прифатливо решение за името со Грција, но треба да ни биде дозволено да ни се обраќаат со име кое сме го користеле отсекогаш и кое не треба да ја попречува интеграцијата на државата во НАТО и ЕУ, изјави македонскиот амбасадор во Вашингтон Зоран Јолевски. Во обраќањето на конференција за американската мисија на Балканот што вчера се оддржа во Вашингтон, Јолевски посочи дека Грција ги проширила своите барања. Минатата година на Самитот во Букурешт исто така покажавме дека можеме да прифатиме уште еден компромис, но Грција го одби предлогот на медијаторот Метју Нимиц, истакна амбасадорот Јолевски. На истата конференција, грчкиот амбасадор во Соединетите Држави Александар Маљас изјави дека предлогот Република Северна Македонија е прифатлив за Грција.
XS
SM
MD
LG