Достапни линкови

Тајландските власти со обвинение за лидерите на демонстрациите


Тајландскиот суд издаде налог за апсење за повеќе лидери на анти-владините протести, вклучувајќи го и поранешниот премиер во егзил Таксин Шинаватра. Полицијата во Бангкок соопшти дека тие се обвинети за предизвикување немири и нелегални активности. Неколку дневните анти-владините протести во Бангкок кулминираа вчера кога дојде до судир со безбедносните сили, при што загинаа најмалку две лица. Организаторите на протестите ги прекинаа демонстрациите, како што соопштија, за да се избегнат натамошни жртви.
XS
SM
MD
LG