Достапни линкови

Во Иран судење за американско-иранската новинарка


Во Иран започна судењето на американско-иранската новинарка, која беше уапсена во јануари под обвинение за шпионажа во корист на Соединетите Држави. Портпаролот на иранското правосудство Алиреза Џамшиди изјави дека судењето на новинарката Роксана Сабери започнало вчера и дека пресудата се очекува да биде донесена, многу бргу. Вашингтон го отфрла обвинението како неосновано и повикува на ослободување на новинарката.
XS
SM
MD
LG