Достапни линкови

Опозицијата во Молдавија ќе го бојкотира пребројувањето на гласовите


Опозицијата во Молдавија соопшти дека ќе го бојкотира утрешното пребројување на гласовите од парламентарните избори. На заедничка прес-конференција лидерите на трите опозициони партии побараа повторување на изборите кои беа оддржани на 5-ти април, обвинувајќи за масовна измама. На изборите, победи владеачката Комунистичка Партија, што предизвика големи протести и немири од опозиционите активисти. Уставниот суд во неделата го оддобри барањето на претседателот Владимир Вороњин за пребројување на гласовите, со цел смирување на ситуацијата.
XS
SM
MD
LG