Достапни линкови

logo-print

Прекинати антивладините демонстрации во Тајланд


Антивладините демонстранти во Бангкок почнале да се разијдуваат по дводневните судири со тајландската војска во кои две лица загинаа, а над сто и дваесет беа повредени. Организаторите соопштија дека се решиле на таков чекор за да се избегнат натамошни човечки жртви. Демонстрантите бараат оставка на премиерот Веџаџива, а во саботата успеале да го спречат одржувањето на самитот на земјите од југоисточна Азија, по што во Бангкок беше воведена вонредна состојба.
XS
SM
MD
LG