Достапни линкови

logo-print

Иран не прифаќа прекин на нуклеарната програма


Иранскиот претседателски кандидат Мир Хосеин Мусави изјави дека, доколку стане претседател нема да ја суспендира контроверзната програма за збогатување ураниум. Сепак, тој се изјасни дека ќе работи да обезбеди гаранции оти Иран нема таа програма да ја пренамени за изградба на нуклеарно оружје. Во интервју за Фајненшал Тајмс Мусави прецизира дека никој во Иран не прифаќа суспендирање на таа програма под диктат на Запад. Мусави се смета за главен ривал на актуелниот претседател Ахмадинеџад на изборите закажани за јули годинава.

XS
SM
MD
LG