Достапни линкови

logo-print

Тајландските трупи делуваат против демонстрантите во Банкок


Тајландските трупи отвориле оган во текот на анти-владините демонстрации, кои и натаму продолжуваат во главниот град Банкок и покрај воведената вонредна состојба. Откако трупите отвориле оган, демонстрантите се повлекле на првичните позиции. Агенциите јавуваат дека најмалку едно лице загинало, а повеќе од 70, меѓу кои 23 полицајци се повредени во немирите. Претходно учесниците на протестите, фрлајќи молотови коктели запалија една владина зграда, како и неколку автобуси. Демонстратните приврзаници на поранешниот премиер Таксин Шинаватра, бараат оставка од сегашниот премиер Апхисит Веџаџива.
XS
SM
MD
LG