Достапни линкови

logo-print

Во Авганистан не се прифаќа идејата за слободни медиуми


Авганистански репортери во Кабул

Авганистански репортери во Кабул

Конзервативните норми во авганистанското општество кои вклучуваат заплашувања на новинари се причина многумина од новинарите да го стават нивното преживување над сите вредности. Тоа значи, придржување до некои непишани правила како на пример, замижување пред корупцијата. Новинарката Фавзиа од западниот град Герат, вели дека е принудена да користи псевдоним кога пишува извештаи за владините официјални претставници и останатите личности кои имаат моќ во општеството. Таа вели, знам дека никој нема да ме заштити поради мојата работа, па морам да се грижам за мојата безбедност:

„Моите колеги се соочија со проблеми неодамна. Не смеам да го откријам нејзиното име и случајот. Но, таа не можеше да оди во полиција и да го пријави случајот. Наместо тоа отиде во групите за заштита на човековите права, но тие рекоа не можеме да сториме ништо за да те заштитиме.„

Додека авганистанската влада истакнува дека го поддржува развојот на независни медиуми, политичките и религиозни лидери неодамна покажаа дека се противат на она за што сметаат дека е надворешна културна вредност. Проминентни муслимански свештенци повикаа телевизиите да не емитуваат анти-исламистички и неморални содржини. Организацијата ,,Репортери без граници“ регистрирала 24 физички напади, 35 случаи на смртно заплашување, 14 апсења и седум киднапирања на новинари меѓу јуни 2007-та и јануари 2009-та година. За новинарките во Авганистан, условите за работа се уште потешки. Фавзиа вели:

„Општеството сеуште не прифаќа новинарки. Семејства па дури и образованите луѓе во Авганистан, како и обичните луѓе сеуште не прифаќаат дека жена може да биде новинар.“

изјавува Фавзиа. Рахимула Самандар, шеф на авганистанското здружение на новинари изјавува дека најголемо „табу“ за новинарите е да го изразат своето мислење за Исламот.

„Присуството на многу силно и влијателно религиско тело има силно влијание врз претседателот, владата, судството и тоа е голем проблем. Новинари се уапсени затоа што силното религиско тело не дозволува судовите да пресудат независно.„

Зборувајќи за владата генерално, Самандар вели дека многу официјални претставници едноставно не може да ја прифатат идејата за слободни медиуми. Тој вели дека тие сакаат да имаат влијание врз новинарите и да ги контролираат содржините на медиумите.
XS
SM
MD
LG