Достапни линкови

Демонстрантите запалија владин објект во Банкок


Шефот на тајландските вооружени сили генерал Сонкити Џагабатара нареди воспоставување на ред во главниот град Бангкок, по нередите предизвикани од големите анти-владини демонстрации. Тој изјави дека и наредил на војската ,,да ги искористи сите мерки за да стави крај на хаосот“, но додаде дека војниците ќе употребуваат оружје само за лична одбрана. Агенциите јавуваат дека
демонстрантите ја запалиле зградата на Министерството за образование, како и и неколку автобуси, а низ градот се слушале пукотници. Најмалку 70 луѓе се повредени во судирите меѓу безбедносните сили и демонстрантите.
XS
SM
MD
LG