Достапни линкови

logo-print

Најавените економски мерки во Србија, популистички?


Народна банка на Србија

Народна банка на Србија

Владата на Србија има намера да ги намали платите, дневниците и бонусите за пратениците и директорите на јавните претпријатија. Целта и е да се оствари заштеда со што ќе може да добие заем од ММФ.

Српската влада, веројатно под притисок на јавноста, реши да исчекори пред бранот на кризата и да го намали буџетскит дефицит. Со новите мерки за штедење треба да биде намалена јавната потрошувачка, барем додека трае економската криза.

,,Со оваа мерка дефинитивно ќе бидат погодени, така да кажам, државните службеници, пред се вработените во сите министерства, јавните претпријатија, Народната банка, но и народните пратеници,,.

Вели пратеникот од владејачката партија Г Седумнаесет Жељко Ивањи, додавајќи дека на таков начин кризата врз себе ја преземаат владата и државните службеници. За економистот Миладин Ковачевиќ пак, покрај притисокот на јавноста ваквата мерка е резултат и од барањето на Меѓународниот монетарен фонд за намалување на јавната потрошувачка.
Секој треба да има плата која му одговора на неговото работно место. Клучно е јавниот сектор да стане поефикасен. Тоа е штедење.


,,Оваа мерка за намалување на платите во администрацијата ќе донесе околу четири од потребните сто милијарди. Тој износ можеби не е многу голем, но е битен од морален аспект, бидејќи со тоа државата покажува дека е подготвена да се жртвува,,.

Иако ги поздравуваат мерките за штедење, дел од економските аналитичари сепак оценуваат дека големите проблеми не можат да се решат со еднократни потези.

,,Што значи да се намали платата на претседателот на државата која и онака е непримерна. Секој треба да има плата која му одговора на неговото работно место, така и претседателот. Клучно е јавниот сектор да стане поефикасен. Тоа доведува до штедење,,.

Оценува аналитичарот Данило Шуковиќ, додавајќи дека намалувањето на платите е популистичка и демагошка мерка која нема да ги донесе посакуваните резултати. Инеку, голем дел од товарот на мерките за штедење ќе го понесат граѓаните поради зголемените цени на акцизите за бензин, на импулсите во мобилната телефонија и даноците на имот. На таков начин ќе бидат наплатени единаесет милијарди динари од предвидените сто милијарди буџетски дефицит. Тој мора да се надомести со цел да се добие заем од Меѓународниот монетарен фонд.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG