Достапни линкови

Продолжуваат нередите во Тајланд



Најмалку 70 луѓе биле повредени во судирот меѓу тајландските безбедносни сили и анти-владините демонстранти во главниот град Банкок. Владините сили со употреба на солзавец и истрели во воздух ги растерале домстрантите кои фрлале молотови коктели и камења. Насилствата уследија откако премиерот на Тајланд Аписит Веџаџива прогласи вонредна состојба во изминатиот викенд, бидејки анти-владините демонстранти ги блокираа главните патишта, а успеаја и да го прекинат самитот на АСЕАН.
XS
SM
MD
LG