Достапни линкови

Телефонски разговор Нетанјаху - Абас


Израелските и палестинските власти имале прв телефонски разговор откако на чело на израелската влада е Бенјамин Нетанјаху. Палестинскиот лидер Махмуд Абас му се јавил на Нетанјаху да му го честита израелскиот празник, кој пак изразил надеж дека ќе остварат соработка во итерес на израелско – палестински мир. До овој разговор доаѓа пред денешниот старт на посета на регионот од страна на американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Џорџ Мичел.
XS
SM
MD
LG