Достапни линкови

Обама за решителна акција против сомалијските пирати


Американскиот претседател Барак Обама ја овластил морнарицата да дејствува, ако треба и со сила, за да го спаси капетанот на американскиот брод, киднапиран од сомалиски пирати. Во вчерашната акција на маринците, беше ослободен капетан Ричард Филипс, при што биле убиени тројца пирати, а еден уапсен. Претседателот Обама го поздрави ослободувањето на Филипс и нагласи дека Соединетите Држави се решени да ги спречат пиратите на брегот на Сомалија.
XS
SM
MD
LG