Достапни линкови

logo-print

Министерот за одбрана Коњановски во посета на Црна Гора


Делегација на Министерството за одбрана на Република Македонија предводена од министерот Зоран Коњановски денеска и утре ќе престојува во Црна Гора. За време на посетата тој ќе се сретне со својот црногорски колега Боро Вучиниќ, а ќе биде примен и од претседателот на државата Филип Вујановиќ. Утре Коњановски ќе присуствува на прием на брод на морнарицата на САД, организиран од страна на адмирал Марк Фитџералд, Командант на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол и Командант на американската морнарица во Европа.
XS
SM
MD
LG