Достапни линкови

Продолжуваат немирите во Тајланд, солзавец врз протестантите


Најмалку 70 лица се повредени во судирите со безбедносните сили за време на антивладините протести во главниот град на Тајланд, Бангкок. Трупите употребиле солзавец за да ги разбијат демонстрантите кои фрлале камења и други предмети. До протестите дојде откако премиерот Абхисит Веџаџива прогласи вонредна состојба, поради немирите и блокадите на патиштата што протестантите ги поставија за време на 16-от Азиски самит кој се одржуваше во таа земја. Демонстрантите го поддржуваат поранешниот премиер Таксин Шинаватра.
XS
SM
MD
LG